Брајан Волш, сопругот на исчезнатата Србинка Ана Волш, официјално е обвинет за убиство на неговата сопруга, соопштија доцна синоќа обвинителите во овој случај, пренесуваат американските медиуми.
Големата порота во округот Норфолк формално го обвини Волш за убиство од прв степен, попречување на истрагата и неколку други обвиненија, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Норфолк.
Доживотен затвор
Доколку биде прогласен за виновен, Волш може да биде осуден на доживотен затвор.
Тој претходно се изјасни за невин пред окружниот суд Квинси, каде беше обвинет за убиство во јануари, но официјалното обвинение сега е преместено во Врховниот суд во Норфолк, каде судењето ќе се пресели во следните неколку недели, пишува Бостон Хералд.
Да потсетиме, Волш (48) е обвинет за убиство на својата 39-годишна сопруга Ана, родена во Белград. На 1 јануари, Ана исчезна од својот дом во Кохасет, каде што живееше со Брајан и нивните три деца.
Го распарчил телото
Обвинителите тврдат дека Брајан ја убил, а потоа го распарчил телото на несреќната жена во нивниот подрум, за потоа ги наполнил посмртните останки во кеси и ги фрлил во контејнери, кои ги запалиле комуналните служби.
Тој беше обвинет за убиство во средината на јануари, а пред тоа веќе беше во притвор под обвинение за попречување на полициската истрага за исчезнувањето на неговата сопруга.
Обвинителите тврдат дека Волш на Гугл барал како да го исече и отстрани телото на 1 јануари и следните денови.
Остатоците запалени
Телото на Ана Волш никогаш не беше пронајдено.
Обвинителите добија снимки од безбедносните камери на кои се гледа како човек кој се чини дека е Волш фрла полни кеси со ѓубре во контејнери во близина на станбен комплекс во близина на Кохасет.
Полицијата се обидела да ги лоцира тие вреќи, но тие веќе биле одземени и запалени, соопшти обвинителството.
Волп претходно и кажал на полицијата дека последен пат ја видел Ана рано наутро на 1 јануари, тврдејќи дека таа заминала на „итен повик од работа“.
Работодавецот на Ана од Вашингтон, каде што работела, ја пријавил Ана за исчезната на 4 јануари.
Адвокатот на Волш во јануари изјави дека „има намера да го добие овој случај“.
Be the first to write a comment.