Почина Др. Тодор Ношпал – ортопедски хирург, субспецијалист, роден 03.03.1962 г. а веста ја објави на својот фејсбук профил Др. Александар Караевски негов пријател.

– Ме научи многу за ортопедијата но и животот… Човек за кого Мy Way од Синатра беше начин на живот… Ти благодарам за се и збогум учителе, збогум пријателе, збогум Тоде. Прим. Др Тодор Ношпал – Вечна ти слава, напиша тој.

Доктор Ношпал беше раководител на коскена банка, раководител на Амбулантно-поликлиничкото одделение, раководител на Отсек за тотални протези на колк, колено и ревизии на тотални протези, Раководител на Одделение за алоартропластика на колено и ревизии на ендопротези.