Големиот босанско-херцеговски писател, професор и академик Џевад Карахасан (70), ја загуби битката со пеколната болест, објави австриски „Курир“, пренесуваат медиумите од регионот.
Џевад Карахасан е роден во Дувно, денешен Томиславград, во 1953 година. Тој беше југословенски и босанско-херцеговски писател, драматург, есеист и романсиер.
Дипломирал компаративна книжевност и театрологија на Филозофскиот факултет во Сараево, а докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб.
Автор е на романите „Источен диван“, „Ноќно собрание“, „Сара и Серафина“ и многу други. Пред неколку години, во издание на Темплум, на македонски јазик излезе неговиот роман „Семе на смртта“.
Be the first to write a comment.