По кратко боледување во 71-година од животот, на само 4 дена пред својот роденден, почина Миланчо Манев, крводарител – рекордер, хуманитарец, борец за живот.
Нема кој во Штип не слушнал за Манев, кој повеќепати е прогласуван за најхуман човек на годината на општинско и државно ниво. Новинарите го знаеја од бројните вакви свечености и секогаш кога се одбележуваше Денот на крводарителите, веќе се знаеше дека во првите места мора да е Миланчо.
До својата 65-година од животот дарил 158 пати од својата крв и околу 60 литри крв. Веројатно да не е возрасната граница за крводарување, таа бројка би била поголема. Од својата 18 година, кога почнал да работи во ТК „Македонка“ во Штип, секоја година во просек дарувал по 3,5 пати крв годишно.
Во текот на својата активна крводарителска мисија, Миланчо Манев направил пауза од година и пол, поради гнев на односот на Клиничката болница од Штип кон него. Не издржал на повикот за итна потреба од неговата крвна група А-позитив, по што го прекинал, како што рече заветот, гневен на односот на одделни специјалисти во болницата кон него.
Блиските на семејството велат дека во странство била ќерката на Миланчо, а кај неа на гости отишол и неговиот син, па ќе се почека нивното враќање за да се изврши погребот.
Семејството Маневи го очекувало свадба на синот.
Миланчо Манев продолжи со својата мисија да им помага на луѓето и по активниот крводарителски век. Со години волонтерски работеше во Здружението на инвалидски пензионери.
-Миланчо беше хумана личност, човек кој сакаше да помогне на секој, ни изјави Панче Анчев, претеседател на Здружението.
Погребот на Манев ќе биде утре, 4 февруари.
Be the first to write a comment.