На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија, информираше Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.
„Сојузот на борци од Тетово со голема тага и жал ја прими веста дека на 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од село Камењане. Кадрија како учесник во НОВ, учествуваше во борбите за конечно ослободување на Југославија во Далматинската бригада, која стигна до границите на Италија и ослободувањето на градот Трст“, информираат од организацијата.
За своето учество во НОВ, оваа година од претседателот на државата Стево Пендаровски беше одликуван со Медал за храброст.
Be the first to write a comment.