Нафтата поскапе за повеќе од 2 отсто откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна воена мобилизација. Поради оваа ескалација на војната во Украина, се појави загриженост за ограничување на снабдувањето со нафта и гас, објави БГНЕС.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 2,28 долари или 2,5 отсто на 92,90 долари за барел во 09:07 часот. Вчера тие се намалија за 1,38 долари.
Американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 86,16 долари за барел, што е раст од 2,22 долари или 2,6%.
Ескалацијата на војната ќе ја зголеми несигурноста за руските енергетски испораки, рече Ворен Патерсон, шефот за истражување на стоки во ING.
„Овој потег потенцијално може да доведе до повици за поагресивна акција против Русија во однос на западните санкции“, рече тој.
Нафтата се искачи на повеќегодишното ниво во март по избувнувањето на војната во Украина.
Во меѓувреме, Соединетите Држави рекоа дека не очекуваат пробив за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година на Генералното собрание на ОН оваа недела. Оваа позиција ги намалува изгледите за враќање на иранските барели на меѓународниот пазар.
Групата производители на ОПЕК + моментално се зад своите производствени цели за рекордни 3,58 милиони барели дневно. Ова е околу 3,5% од глобалната побарувачка.
Инвеститорите се подготвуваат за уште едно агресивно зголемување на каматните стапки од Федералните резерви на САД оваа недела. Оваа мерка може да доведе до рецесија и нагло намалување на побарувачката за гориво.
Шефот на саудискиот нафтен гигант Aramco (2222.SE) предупреди дека резервниот капацитет за производство на нафта во светот може брзо да се искористи додека глобалната економија закрепнува.
Be the first to write a comment.