Со длабоко жалење ве известуваме дека на 08 Декември во утринските часови, по кратко и тешко боледување почина Спирко Филипов, сопственик и управител на Ветеринарната станица Виница.

Посмртните останки на покојникот ќе бидат изложени на 09 Декември во градската капела во Виница од 10:00 до 12:00 часот, кога ќе бидат преместени во црквата во село Блатец, Виничко, до 14:00 часот кога ќе се изврши погребот.

Спирко Филипов ќе остане запаметен како професионалец кој дал голем придонес во развојот на ветеринарно медицинската професија во нашата земја, човек со висока лична и професионална етика и култура, јасна и модерна визија, одличен соработник и пријател.

Ветеринарната комора со длабоко жалење за ненадоместливата загуба изразува искрено сочувство до семејството.

Спирко Филипов