По кратко боледување, денес почина познатиот битолски интернист Д-р. Јорго Бошев.
Целиот свој работен век го посвети на битолското здравство. Работеше во Клиничката болница „Д-р. Трифун Пановски“ во Битола на Одделението за интерна медицина.
Беше прочуен експерт за лекување бубрежни болести. Битолчани го паметат како хуман и достапен лекар, експерт во својата област.
Опелото ќе се одржи утре во Св. Димитрија, а погребот на Светонеделските гробишта во Битола.
Be the first to write a comment.