Фудбалска Хрватска е во тага откако поранешниот играч на Динамо Загреб, Златан Арнаутовиќ, почина на 68-годишна возраст по долга борба со тешката болест.
– Во семејниот стан во Загреб престана да чука срцето на член на познатата генерација на Динамо од 1982 година – објави „24сата.хр“.
Арнаутовиќ е роден во 1954 година во Бихаќ, а во Динамо пристигна во 1981 година од Борац Бања Лука.
Во 1982 година со екипата на Динамо Загреб стана шампион на Југославија, а една година подоцна го освои и Купот.
По три години минати во Динамо, се сели во Бешикташ, но брзо се врати во Загреб каде во 1985 година ја завршил професионалната кариера.
Be the first to write a comment.