На четвртиот ден од потрагата по Хрватот Дарко Бетлач (35) од Славонија, кој исчезна додека го шеташе своето куче, полицијата пронашла јакна, дознава РТЛ.

Пронајдена е на 8 километри од Черник, местото каде што исчезнал, во потокот Шуметлица, кој се влева во Сава.

Да потсетиме, потрагата по Дарко започна кога кучето кое го шеташе се вратило само. Случајот го коментираше и таткото на исчезнатиот, кој вели дека е вознемирен.

– Не знам што да кажам. Тешко ми е. Тој е мојот син. Не знаеме што се случи. Не ни знаев дека ќе оди некаде. Не се знае дали го водел кучето, каде отишол, изјави Стјепан Бетлач за РТЛ.