Цената на електричната енергија порасна, граѓаните се жалат дека и дрвата поскапеа, а не можат да најдат ниту пелети. Државата дава субвенции за инвертер клими, но поради високите цени -граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе сите начини на загревање се скапи, анализира Канал 5 телевизија.
Новите цени на дрвата за огрев се движат помегу четири и пет илјади за метар кубен во приватните складишта. Македонски шуми пак бараат зголемување од 20%, но новиот ценовник треба да го одобри Владата.
Цената на пелетите пак зголемена двојно. На социјалните мрежи граѓаните се жалат и дека многу е тешко да се најдат, бидејќи соседните држави од каде Македонија увезува имаат забрана за извоз па затоа и брзо се празнат складиштата кај нас. Компаниите кои продаваат пелети кај нас велат дека мака мача да ги набават. Количините се намалени, па заради тоа и цената расте.
Високите цени на енергенсите одамна го вклучија алармот и во цела Европа.
Поголемиот дел од европските држави веќе ги комплетираа кризните планови за претстојната зима. Поради стравот од недостиг на гас и струја, Германија подготви план со кој го намали осветлувањето, греењето и ладењето.
Австрија пак отиде чекор подалеку, па на граѓаните им препорача, за да заштедат енергија, наместо да се капат – да се тушираат.
Be the first to write a comment.