Во интервјуто за новиот број на неделникот „Фокус“, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, меѓудругото, зборува и за можноста за предвремени парламентарни избори.
ФОКУС: Сметате дека во моментов нема шанси за предвремени избори?
ТРАЈАНОВ: Со оглед на целокупните состојби, речиси сите партии сметаат дека сега не е време за избори, затоа што сме во криза. Да видиме како ќе се одвиваат работите.
Мислам дека е поразумно, доколку се отвори таа тема, да се постигне договор евентуално за идната година. Предвремени избори да се одржат во април или во мај. Ако има 60 пратеници „за“, јас би бил 61-от.
Тоа е добро и за СДСМ и за претседателот Ковачевски, за да добие легитимитет. Бидејќи еден од главните напади од политичките противници и критичарите е дека тој не бил на избори.
Засега нема некое посебно расположение кај СДСМ и ДУИ за предвремени избори. Но, ќе видиме дали состојбите ќе наметнат услови сепак да се организираат предвремени избори.
Be the first to write a comment.