Јутјуберот Стефан Јанковиќ од Србија денеска наводно бил брутално претепан во Белград, по што објавил видео на социјалните мрежи за брзо да се дознае дека сето тоа го лажирал.
Имено, Стефан Јанковиќ вечерва на промоцијата на песната на Ружа Рупиќ се појави без завојот на главата и модриците кои малку претходно ги покажа на социјалните мрежи.
Тоа беше „шега за Јутјуб“, која ги шокираше сите присутни на промоцијата, кои не можеа да поверуваат кон што посегнал. Стефан објави видео на Тикток на кое го гледаме во завои, приклучен на инфузија додека лежи во кревет со искината и крвава кошула, а неговата рака е повредена.
– Бев претепан од непознати лица од непознати причини. Потекнувам од добро семејство, никогаш никому ништо лошо не сум му направил – рекол популарниот Јанко од болничкиот кревет.
Да потсетиме, тој првпат излезе во јавноста кога ги шокираше сите со видео снимка во Сава, а во една прилика покажа дека во својот стан чува младенче лав.
Be the first to write a comment.