Жалфијата понекогаш може да биде поопасна за црниот дроб од алкохолот! Многу е важно да се земе предвид како го консумираме овој чај.
Обичната жалфија (Salvia officinalis) ја содржи озлогласената хемикалија тујон, која, меѓу другото, се наоѓа во абсинтот. Токсичноста на тујонот е опширно проучувана. Невротоксичноста е главниот токсичен исход во акутните и хроничните студии.
Тујонот може да биде отровен ако се внесува доволно. Оваа хемикалија може да предизвика напади и оштетување на црниот дроб и нервниот систем.
Како да консумираме чај од жалфија?
Најдобро би било чајот од жалфија да го користите исклучиво за плакнење на устата. Исто така, постојат тврдења дека токсичноста на тујонот може да се избегне ако жалфија се готви повеќе од 15 минути. Меѓутоа, во овој случај, чајот ќе биде исклучително горчлив.
Жалфијата дефинитивно не треба да се исфрли од употреба. Многу е здрава за забите и усната шуплина.
Ако наберете свежи листови жалфија и ги триете околу забите, непцата, ќе ги направите поздрави и поцврсти. Се препорачуваат и производи за коса на база на жалфија, бидејќи ја смируваат кожата и даваат сјај.
Be the first to write a comment.