Ѕвездата во нападот на Србија, Александар Митровиќ, разочарано говореше пред медиумите по поразот на „орлите“ од Швајцарија (2-3) и елиминацијата од Светското првенство во Катар. Еден од најефикасните играчи во Премиер лигата кажа дека ова е многу тежок момент за сите играчи.

„Впечатоците да се изнесат се тешки, има многу емоции. Молк е во соблекувалната, ова е многу тежок момент за сите нас. Празни сме. Дадовме се што можеме како екипа. Разочарани сме. Не очекувавме ваков расплет, но се случи и нема назад. Кога беше добро сите пукаа со пофалби, а сега мораме да ги истрпиме критиките“, кажа Митровиќ.

Србија покрај од Швајцарија загуби и од Бразил, а освои еден бод во групата, во дуелот со Камерун (3-3). Александар Митровиќ на овој светски собир постигна два гола.

На денешниот натпревар тој влезе во судир со главниот судија, а за тоа што му го порача српскиот напаѓач коментар не е потребен: