Вечерва во Торино, се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, на која за место во финалето се бореа 17 земји. Домаќини на првото евровизиско полуфинале се оскаровската пејачка Лаура Паусини, Алесандро Кателан и пејачот Мика, а европски центар вечерва беше салата Пало Олимпико.
66-то издание спектакуларно го отвори Албанија и нејзиниот претставник Ронела Хајати со песната „Тајна“, а по неа настапија претставниците на Литванија, Летонија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.
По изведувањето на сите песни, секоја земја ги презентираше незјините гласови од 1 до 8, 10 и 12 поени; во состав сет од жири од пет експерти од музичката индустрија и еден од телевоутингот на гледачите. Гледачите гласаа преку телефон, СМС и преку официјалната апликација на Евровизија.
Земјите кои се пласираа во финалето на 66. Избор за песна на Евровизија се: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Земјите кои не успеаја да се пласираат понатаму се: Бугарија, Латвија, Словенија, Хрватска, Австрија, Данска и Албанија.
Be the first to write a comment.