Четвртфиналниот натпревар помеѓу Холандија и Аргентина беше во прекин на неколку десетици секунди откако на теренот влезе познатиот јутјубер Виталиј Здоровецки.
Во моментот кога влезе на теренот носеше само гаќи, а на градите ја имаше испишано пораката „Vitaly the GOAT (Виталиј е најголемиот на сите времиња)“.
Обезбедувањето имаше многу проблеми обидувајќи се да го собори и потоа да го извади надвор.
Неговата поранешна девојка Кингсли Волански упадна на теренот на финалето од Лигата на шампионите во 2019 година помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
Здоровецки е третиот егзибиционист кој упадна на терен за време на првенството во Катар, а претходните двајца беа пуштени од притвор еден ден откако беа приведени во полиција поради инцидентите.
📸
📸
📸
PITCH INVADER pic.twitter.com/SqGjJY1ufZ
— Mahesh K (@MaheshNYCTO) December 9, 2022
Be the first to write a comment.