Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.
Вечерва беше објавено дека во автобус на ЈСП број 51 во населбата Кисела Вода се случила групна тепачка, во која неофицијално учествувале средношколци од Моране и Студеничани.
Дел од медиумите пишуваа и дека непосредно по тепачката, била нападната и новинарска екипа која го забележала инцидентот.
Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште нема никаква официјална информација за вечерашните случувања во Кисела Вода.
Be the first to write a comment.