Штотуку се случи немил настан во скопската населба Кисела Вода. Имено во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици.

Полициските екипи се веќе на терен.

Неколку лица се повредени во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода, објави 24 Инфо.

Автобусот во моментов стои, а има и многу полиција. Дел од присутните нападнале и новинарска екипа, пренесуваат медиумите.