„Големиот брат“ е првата реалити програма на нашите простори што се емитуваше пред речиси две децении.

Ова реално шоу беше нешто сосема ново на Балканот и соодветно привлече голема публика и собра огромна гледаност, а многумина тогаш беа заинтересирани за тоа кој се крие зад длабокиот глас на Големиот брат.

Имено, зад машкиот глас на роботот се криела заводливата водителка Душица Јаковљевиќ, која сега го води реалното шоу „Задруга“.

Душица неодамна во своето шоу ја откри оваа голема мистерија.

– Бев уредник и смислував задачи за натпреварувачите, а тоа што никој не го знаеше е дека јас бев и Големиот брат! Во тоа време, многу учеснички во реалното шоу беа заљубени во мене. Мислеа дека сум маж и дури кога го напуштија Големиот брат сфатија дека ги завела една жена – изјави водителката Душица Јаковљевиќ.

Да потсетиме, реалното шоу „Големиот брат“ се прикажуваше до 2015 година. Првата сезона на познатото реално шоу беше прикажана во Холандија во септември 1999 година, а во регионот за прв пат беше прикажана во 2006 година.

Душица Јаковљевиќ