Ставот на Катерина Колозова искажан утрово на својот официјален Фејсбук профил во кој испрати критики кон граѓаните кои во голем број протестираа вчера пред Владата против т.н. Француски предлог, наиде на голем интерес во јавноста, а пред околу еден час Колозова се пожали дека добила закани по живот.

– Добивам закани, инспирирани од патриотските постови на Ванковска, госпоѓава што ме вика “кучка” во коментари и сл., божем ја лично потпишувам договори и протоколи. Ако нешто ми се случи, да се знае дека некој антифашист ме утепал праведно ко “ЕУ фашистка плус Бугарка.” Се надевам Полиција следи, пошто немој некој крв на раце да има само затоа што оваа “глупа кучка” изразила мислење. Пораките, коментарите кај Ванковска, сличните на неа “улчарки и котларки”, и други “левичари” професори по ОНО и ОСЗ и слични и најмногу десничари со вергините во профилна слика. Ќе ги снимам, поднесам до МВР и Обвинителството – полесно ќе се знае кој сее опасност. Ја се одлогирам од тука за своја безбедност и таа на мојата фамилија. Постовиве ќе си останат, напиша Колозова.

– Да, и од ѕидот на антиталентот Сашо Тасевски, и неговите следбеници, додае таа.

Статусот кој крена прашина е следниот:

– Ок, “СМРТ ЗА ФАШИСТИЧКА БУГАРИЈА.” Така? Уште десет блокади ви се малце. Мразите. Ова е се мотивирано од ксенофобија. За ваша информација, Србија додека му се занесуе на Брисел паралелно преговара и со Брисел и со Косово. Од комотна позиција покажува среден прст. Терајте вака у провалија со знаменцата на профилни слики, лагите од експерти, рецитации на патриотски песни. Стварно не ви е местото во ЕУ. ПС Бугарските пасоши да ви ги конфискуваат, еден по еден. Пу јазк, гнасни сте со овој порно-патриотизам. – видно нервозна пишува Колозова.