Судечки совет на скопскиот кривичен суд, во четвртокот, донесе пресуда со која за сторена злоупотреба на службената положба и овластување го осуди поранешниот претседател на Врховиот суд, Јово Вангеловски.
Судот, како што екскл узивно дознава „ПРАВОСУДСТВО“, на Вангеловски му изрече казна затвор во траење од една ипол година, но истата му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.
Според обвинението Вангеловски на својата поранешна колешка, судијката Лидија Неделкова не и исплатил надоместок на плата во износ од 32.000 денари. Функцијата прв човек на највисокиот суд, ја наследи токку од сега оштететена судијка Недлекова.
Додека беа колеги растеше нетрпеливоста меѓу нив. Таа заработи и кривична од него, а не се согласуваа ниту за тоа која институција треба да одлучува по притворот за тогаш осомничениот бизнисмен Сеад Кочан.
Be the first to write a comment.