По наредба на Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, на поранешниот пратеник на српската партија „Двери“ Срѓан Ного му е одреден притвор до 48 часа, поради сомнение дека на Твитер им се заканувал на српскиот претседател Александар Вучиќ и на пратеникот Владимир Ѓукановиќ.
Ного во рок од 48 часа ќе добие кривична пријава и ќе биде спроведен во Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал на распит и натамошни доказни дејствија, соопштија од обвинителството.
Полицијата по наредба на Вишиот суд во Белград извршила претрес во местото на живеење на осомничениот, при што привремено била одземена одредена ИТ опрема и муниција за огнено оружје.
Ного е осомничен дека на социјалната мрежа Твитер им се заканувал по животот на Вучиќ и Ѓукановиќ.
Обвинителството испратило барање за прибирање на потребните информации до Одделот за вискотехнолошки криминал при МВР на СБПОК, кое побарало утврдување на фактичката состојба и прибирање докази за постоење на кривично дело загрозување на сигурноста, сторено на штета на горенаведените лица.
Be the first to write a comment.