Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна кужа Мост.

Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.

А како изгледаше ВОДЕНАТА БОМБА која падна над Скопје погледнете од следниве фотографии:

Феноменот ДОЖДОВНА БОМБА е познат во метеоролошките кругови како „водена микро-експлозија“ и се случува ретко, а за да се случи мора да постојат соодветни услови. Воздухот под облакот од бурата се изладува, со што е погуст од воздухот околу него. Поладниот воздух започнува да се претвора во потопол воздух, а потоа се забрзува. Скршнува од земјата и го турка ветрот кој има сила слична како торнадото.

Што претставува водената микро-експлозија?

Водената микро-експлозија е изненаден излив на ветрот од базата на грмотевици. Воздухот може да забрза кон земјата со брзина од 110 километри на час пред да удри во површината и да се рашири во сите правци. Ветровите често надминуваат 170 километри на час при најсилните микро-експлозии и често предизвикуваат огромни штети.

Како што самото име кажува, тие имаат тенденција да влијаат на мал простор, не поголем од неколку квадратни километри. Големата штета од овие “експлозии” може да ги збуни жителите и да мислат дека станува збор за торнадо. Постојат два видови на микро-експлозии: суви и водени микро-експлозии.

Научниците сега ја сфаќаат целата „механика“ околу временските услови како дождот, бомбите, торнадата и невремињата со грмотевици. Во последните неколку години се забележуваат и скромни подобрувања во проекциите за тоа како овие бури може да се однесуваат при промена на атмосферата, регион по регион.

„Истражувањата покажуваат дека дождот не е толку чест, но е поинтензивен токму поради климатските промени.

Она што е познато помеѓу климатолозите е дека бурите ќе продолжат да се интензивираат. Постои сомневање дека атмосферата „гради“ светски арсенал од „дождовни бомби“.