Откако вчера од МВР излегоа со детали за страшната несреќата на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с. Горно Количани, скопско – дека на осми ноември, 17-годишна малолетничка и 29. годишник со четирицикл излетале од патот, паднале во провалија, и со тешки повреди биле пренесени во болница, се огласи Стефан Спирковски – модел, фитнес инструктор и инфлуенсер откривајќи дека тој бил 29-годишното момче кое учествувало во несреќата.

Спирковски објави видео од болницата, заблагодарувајќи им се на Брза помош, противпожарната екипа и вработените на Ургентен центар и раскажа детали за страшната несреќа која им се случила.

– Митровден е мојот нов роденден. Фала ви на сите што се грижите – напиша меѓудругото тој и се обрати на своите следачи со повеќе детали:

– Вчера бевме до Брегово поле со три квада и на враќање сакаше да вози другарката на сестра ми, а јас бев совозач и излетавме од кривина во провалија, некои 50 метри. Среќа носевме кациги, јас поминав со скршеница на рака и две ребра и мало оштетување на црн дроб.
Страшна беше ситуацијата, среќа имав кацига но удрив на камен, тогаш изгледа ми беше излетана кацигата. Се задржав на две гранки и чекав така четири саати, кога дојде противпожарна и Црвен крст.
Синоќа ме оперираа, можеше да биде и полошо, се чувствувам дека нема да можам да мрдам некој период, тоа и најтешко ќе го поднесам, но ќе дадам сè од себе – изјави Стефан од болницата.

Инаку Стефан е познат на Инстаграм по неговите видеа за здрав начин на живот и исхрана, и е успешен модел.

📸

📸