ОБНОВЕНО: Не е точно дека гимназијалец бил отруен од дрога ставена во пијалок, Ачкоска го повлече статусот, МВР излезе со информација за трагедија
Професорката Виолета Ачкоска на својот Фејсбук профил објави трогателна вест дека се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич.
Како што пишува професорката, таа оваа информација ја дознала од учениците кои оделе на самиот погреб. Нејзината објава ја пренесуваме во продолжение:
– Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5- ти спрат и слични самоубиства… Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е “траурна” од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите., пишува Виолета Ачкоска.
Ачкоска го повлече статусот, повикана е во МВР
На 16.03.2023 во полициска станица во Скопје e извршен службен разговор со Виолета Ачковска, поради наведени податоци кои таа ги објавила дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, пост кој таа го објавила на социјалната мрежа Фејсбук.
Од полицијата велат дека Ачковска била повикана „со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има“.
„В.А. во разговорот појасни дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“, велат од МВР.
МВР: Пад од висина е причина за трагедијата
МВР објави детали за средношколецот Јован, од скопската гимназија „Георги Димитров“ кој беше пронајден мртов. Според соопштението на полицијата, тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.
– На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина – информираат од МВР.
Be the first to write a comment.