Федералната служба за безбедност (ФСБ) во соопштението пренесено од руските новински агенции соопшти дека привела руски државјанин, осомничен за „велепредавство за пренос на податоци во Украина на штета на безбедноста на Русија“.

ФСБ соопшти дека рускиот државјанин – жител на Московската област – фотографирал „строго доверливи технички документи“ и ги испратил преку мобилен телефон до вработен во фабрика за авијација во јужниот украински град Одеса.

Во соопштението се наведува дека е отворена истрага за велепредавство, кое предвидува казна затвор до 20 години. Вработениот – директорот на фабриката – е приведен, се вели во соопштението.

Московскиот суд претходно овој месец го осуди угледниот поранешен известувач за одбраната, Иван Сафронов, на 22 години под обвинение за предавство за оддавање државни тајни.

Тој беше обвинет дека собирал доверливи информации за руската војска, одбрана и безбедност и им ги предавал на странски разузнавачи.