Дел Вилијамс (37) го полнел електричниот тротинет што го купил две недели претходно, а за само неколку секунди кујната се исполнила со оган и чад. Ниту тој, ниту другите станари кои живеат во куќата не биле во близина на кујната кога избувнал пожарот.
„Само сакам да му се заблагодарам на Бога што успеавме да побегнеме на време. Многу сум благодарен што сме живи. Поминав осум часа во болница поради чадот. Не полнете ги тротинетите во домот, доколку имате можност полнете ги надвор – заклучува Вилијамс.
Дом Елис од противпожарната служба рече дека овој вид пожар станува се почест.
„Како што можете да видите, штом батеријата ќе се запали, огнот се развива многу брзо. Чадот не е безопасен и не треба да се игнорира брзината со која се развиваат овие пожари“ – наведува Елис.
На корисниците на електрични скутери и велосипеди им се препорачува да ги остават батериите да се изладат пред да ги полнат и да купуваат полначи и батерии од проверени, овластени продавачи.
London Fire Brigade has released dramatic footage of an e-scooter explosion as a warning not to charge them indoorshttps://t.co/2mvLcXoqL6 pic.twitter.com/gycEjjNy1y
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) May 18, 2023
Be the first to write a comment.