Девојчето (2) кое во Вршац беше убиено од татко ѝ Марко Б.(35), кој потоа се обеси, како што дознава Телеграф, починала од задушување, односно гушење со вода.
– Наодите од обдукцијата се готови, детето се удавило – вели соговорникот од истрагата за овој случај.
Марко со години ја малтретирал сопругата Сузана, што било причина таа да поднесе барање за развод. И покрај сето тоа, Центарот за социјална работа завчера му дозволил на таткото да го земе детето со себе и да го добие старателството.
– Денеска не одговараа на прашањата за „Телеграф.рс“, а дрско ја спуштија слушалката кога сакавме да ги контактираме, пишува Телеграф.
Марко вчера го удави детето во сад со вода, па се обеси. Пред злосторството, на сопругата Сузана и испратил порака – „Ќе го убијам детето, па себеси“.
Пресудата со која Марко Б. е условно осуден на една година затвор со рок на проверка од три години и задолжително психијатриско лекување, укажувало дека убиецот на детето имал мешано растројство на личноста и со години ја малтретирал сопругата Сузана, дознава „Блиц“.
Според увидот на пресудата на Основниот суд во Вршац, која беше донесена само седум дена пред Марко Б. да ја убие својата двегодишна ќерка, а потоа да се самоубие, „Блиц“ дојде до грозоморни информации за тоа што му претходело на злосторството.
– Како што дознаваме, тој во периодот од 2017 година до 29 април 2022 година, поради мешано растројство на личноста и анксиозно-депресивно растројство, со своето дрско и несовесно однесување физички и психички ја малтретирал сопругата со ограничување на движењето, не дозволувајќи и да се види со кого сака, одредувајќи кои книги смее да чита, не дозволувајќи и да користи какви било социјални мрежи додека тој е на работа, сакајќи да воспостави целосна контрола врз нејзиниот живот, а доколку таа се противела на нешто, тој ќе и удрел шамар за секоја ситница, објави Блиц.рс.
– И во една прилика во 2019 година, во јуни 2019 година, ја претепал и ѝ се заканил со нож дека сака да ја „заколе“ поради конфликтот, а поврзан со некои слики што нејзиниот брат ги направил на крштевката, а исто така се заканил кога го спомнала разводот дека ќе ја закова за плакарот, а потоа на 29.04.2022 година, по расправија за давање бисквити на детето, ја омаловажил дека е лоша мајка – опишан е во пресудата пеколот во кој живеела несреќната жена.
Според пресудата, детето кога тој ден заспало без да каже збор, неколку пати ја удрил Сузана во главата, а кога паднала на подот, со клоци и газење ја удирал по главата и ѝ нанел полесни физички повреди во вид на површни повреди на главата и повреди на градниот кош.
– Оштетената за да се одбрани го гризнала во пределот на раката, а после тоа истрчала од станот на првиот кат и побегнала во куќата на нејзините родители на приземје, за целиот настан да го пријави во полиција, стои во пресудата на Основниот суд во Вршац до која имал увид „Блиц“.
Be the first to write a comment.