Во општина Зубин Поток синоќа во раните вечерни часови почина маж по самонанесена рана од ловечка пушка.

Трагедијата се случила околу 19 часот, соопшти косовската полиција, пренесува Коссев.

– Пријавено е дека маж од Косово се застрелал со ловечка пушка, при што се здобил со смртни повреди, стои во објавата.

Неговата смрт била констатирана на лице место од медицинска екипа.