Полицаец (20) и неговата сестра загинале во крвав поход, кој го започнал Урош Б.(21) во селото Дубона кај Младеновац. Во престрелката загинаа уште шест лица, а 11 се ранети.
01:12 – Плачот на роднините одекнува низ селото.Морничаво е во центарот на Дубона. Низ мрачната ноќ се слушаат само лелеците на роднините на убиените, а се повеќе луѓе излегуваат од своите куќи разбудени од хаосот.
По бегалецот пристигнуваат се повеќе полицајци кои трагаат по него во околните села. Блокирани се крстосниците и приодите кон селото. За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не обрнал внимание.
01:05 – Опсадна состојба во Младеновац, хеликоптери ги надлетуваат селата. На местото на настанот има силни полициски сили, а Специјалците не дозволуваат никој да се приближи до селата каде што се пукало.
Се сомнева дека убиецот се крие во село Шепшин од каде што е. Како што јавува дописникот на „Блиц“ од местото на настанот, хеликоптери летаат над селата.
00:55 – Се зголемува бројот на повредени, неколку од нив се реанимирани. Зголемен е бројот на ранетите кај Младеновац, а според последниот биланс има 11.
Неколку пациенти беа реанимирани.
Be the first to write a comment.