Пред да се самоубие во петокот, дваесет и двегодишниот Младен Дулиќ го пријавил во полиција во Лакташи контроверзното видео кое било објавено ден претходно на социјалната мрежа ТикТок.
„Починатиот Дулиќ Младен на 28.10.2022 година пристигнал во Полициската станица Лакташи и за објавената спорна снимка ги известил овластените службени лица од Полициската станица Лакташи, по што истиот ден извршил самоубиство“, потврдија од Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.
Од обвинителството велат дека во врска со наведениот настан веднаш биле преземени сите потребни дејствија и мерки од страна на дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бања Лука и полициските службеници од ПС Лакташи.
Потсетија дека видеото на Дулиќ и работникот на бензинската пумпа е објавено на ТикТок на 27 октомври, а младиот човек се самоубил еден ден подоцна.
Be the first to write a comment.