Грција е шокирана од смртта на 23-годишниот студент Танасис Зервас, кој колабираше и почина на плажа на островот Сифнос.
Според известувањето на lamiareport.gr, од вторникот наутро (27.07.2022) 23-годишниот Танасис не се чувствувал добро. Напладне тој направил брз тест за Ковид-19 и истиот излегол позитивен на коронавирус, додека друг член од друштвото имал симптоми, но неговиот тест бил негативен.
Друштвото отишло на плажа, но Танасис останал во апартманот и малку подоцна отишол и им се придружил. Одеднаш почнал да повраќа и веднаш се онесвестил.
Неговите пријатели веднаш му прижиле помош, истовремено повикувајќи брза помош и барајќи приватен лекар на кампот. На брзата помош и биле потребни околу 25 минути за да дојде на местото на настанот, според информациите на LamiaReport. До доаѓањето на брзата помош, лекарот кој бил на местото на настанот и неговите пријатели се обиделе да го оживеат, но безуспешно.
23-годишниот студентк била превземен од Брза помош и пренесен во Здравствениот дом Сифнос. Таму лекарите го примиле речиси без пулс и околу 40 минути се обидувале да го вратат во живот со реанимација, за жал безуспешно.
Неговите пријатели, кои тргнале по брзата помош и нервозно чекале пред Клиниката Сифнос, не можеа да поверуваат дека Танасис за само кратко време го изгубиле, толку неочекувано.
Погребот на 23-годишното момче ќе се изврши во четврток во 18 часот во светата митрополитска црква на плоштадот Елефтерија во Ламија.
Be the first to write a comment.