Поскапуваат дел од млечните производи од следната недела. Вакво предупредување добиле дел од трговците. Дел од млекопроизводителите за Телма потврдија дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена. За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

ВО СИТУАЦИЈА КОГА ИМАМЕ КОНТИНУИРАН БРАН ПОСКАПУВАЊА ВО СИТЕ ПРОИЗВОДНИ СЕГМЕНТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПРИМАРНОТО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВО И ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ДОБИТОЧНАТА ХРАНА, ШТО СЕ ОДРАЗИ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТКУПНАТА ЦЕНА НА МЛЕКОТО ЗА 40% САМО ОД АВГУСТ ЛАНСКАТА ГОДИНА ДО ОВОЈ АВГУСТ, КАКО И ПОВЕЌЕКРАТНИОТ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ, БИМИЛК КАКО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА И НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ПЕРИОД ОД ПОЧЕТОК НА КРИЗАТА ИМА НАПРАВЕНО НЕОПХОДНИ КОРЕКЦИИ НА ЦЕНАТА НА СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ.И НИЕ КАКО ОСТАНАТИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА ГИ ОЧЕКУВАМЕ НАЈАВЕНИТЕ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ЗА ДА ОВОЗМОЖИМЕ ПОИЗЕДНАЧЕНА ПОЗИЦИЈА ВО ЛАНЕЦОТ НА МЛЕКОПРОИЗВОДСТВО, СЕ ВЕЛИ ВО ДОПИСОТ ОД БИМИЛК.

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот. И експертите алармираат дека поскапувањата ќе продолжат, но не очекуваат да има некои сериозни скокови кај цените.

ГРАЃАНИТЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ОЧЕКУВААТ, ПО БЛАГ РАСТ НА ЦЕНИТЕ. ТРЕБА ВО ОДРЕДЕНИ СИТУАЦИИИ ДА СТРАВУВАМЕ. ВЕЌЕ СЕ НАВИКНАВМЕ, НО НЕ ОЧЕКУВАМ НЕШТО СТРАШНО ИЛИ НЕКОЕ АПОКАЛИПТИЧНО СЦЕНАРИО ДА НИ СЕ СЛУЧИ, НО ДЕКА ОВАА ЗИМА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА ПРОФЕСОРОТ АБИЛ БАУШ.

Растот на цените на производите ја вивна и инфлацијата. Според статистиката во август годинава достигна речиси 17 проценти. Според Бауш постепена стабилизација би имало дури во 2024 година.

ВО 2023 ОЧЕКУВАМЕ ДА ИМА ИНФЛАЦИЈА ЕДНОЦИФРЕНА, НО НЕ СО НЕКОЈ РАСТ, А 2024 ГОДИНА СЕ ОЧЕКУВА ЗАКРЕПНУВАЊЕ И ПОДОБРВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА, ДОДАВА БАУШ.

За минимално да се ублажи ценовниот шок се ограничија маржите кај основните проозводи, се скратија и некои дополнителни трошоци. Се ограничи и извозот на одредени производи, како на пченицата, брашното, огревното дрво и пелетите. Сепак, и покрај ваквите одлуки процентот на инфлацијата од месец за месец расте. Властите сега најавуваат нов пакет мерки за помош и за граѓаните и за стопанството, до крајот на месецов.