Никола (45) е прогласен за виновен и осуден за психичко и физичко насилство врз сопругата (40) пред очите на детето во семејниот дом во пошироката област Вараждин, јавува хрватскиот портал danica.hr.
Според пресудата, се се случило лани во октомври околу 19:30 часот. Никола бил под дејство на алкохол од 0,58 промили и се скарал со сопругата поради „нерешливи брачни проблеми“, односно неговото неверство. Имено, сопругата дознала дека нејзиниот сопруг кој е сопственик на кафуле, ја изневерил со келнерка.
„Откако неговата сопруга го прашала дали размислува да ја напушти куќата или таа ќе замине, тој одговорил дека не мисли така, „зошто да има брзање“. Сопругата тогаш рекла: „Сите ќе ја знаат причината зошто се разделуваме“. Нејзиниот сопруг одговорил: „Ќе ги објавам твоите слики на Интернет“.
Детето повикало полиција
После тоа, жената го зела мобилниот телефон на сопругот за да ги избрише сликите, а сопругот ја фатил за раце и истовремено ги стискал, така што во даден момент меѓу нив застанало дете, кое го фатило за раце на таткото и одеднаш го повлекло на страна за да го оддалечи од нејзината мајка.
Детето излегло од куќата и повикало полиција, а Никола продолжил да ја малтретира сопругата и на крајот успеал да ѝ го грабне мобилниот телефон од раце“, рече судијата во пресудата.
Никола призна дека се се случило токму така, а причината е „сомнение за неверство од негова страна“. Меѓутоа, после тоа се помириле и се уште живеат заедно и се во добри односи.
Сопругата сведочеше дека нејзиниот сопруг поседувал кафуле, „често време поминувал таму и, меѓу другото, создавал интимен однос со келнерката така што имало и прељуба од негова страна“.
„Тогаш дознав за прељубата и бев крајно револтирана, а мислев дека тоа е нерешлив брачен проблем. Го прашав кога размислува да си замине од дома, дали тој или јас, на што ме погледна чудно и рече дека не размислува да си оди, зошто да се брза.
Голи фотографии
Тогаш револтирано му реков дека сите ќе ја знаат причината зошто раскинуваме, а тој потоа ми се закани дека ќе ги објави моите слики на Интернет. После тоа му го земав мобилниот да ги избришам тие слики, но тој ме фати за раце и ме стисна.
Сè траело околу 20 минути. Потоа сопругот ја напушти куќата и отиде кај родителите, но по неколку дена се врати и потоа живееме заедно. Според мене имаме добри семејни односи“, нагласи сопругата.
Никола е казнет со 350 евра и мора да плати 26 евра прекршочни трошоци. Пресудата е правосилна и може да се обжали. Не е познато што направил со разголените фотографии на сопругата кои ги имал во мобилниот телефон.
Be the first to write a comment.