Српска туристка која е на одмор во Египет во сведоштво за порталот Телеграф.рс раскажува за нападот на ајкулата врз австриската пензионерка Елизабет Скваер (68), откривајќи непознати детали за случајот.

Длабоко вознемирена, таа вели ова е траума за целиот нејзин живот.

– Немаме можност да се вратиме порано, бидејќи летот ни е во недела. Она што е сигурно е дека никогаш повеќе нема да летуваме во Египет. Плажите се пусти. Ова е траума за цел живот. Како после ова да влезете во кое било море? – вели Т.М.

Таа вели и дека и други туристи го споделуваат нејзиниот впечаток, и дека сите се чувствуваат многу лошо.

– Луѓето ќе бараат рефундирање од аранжманот. Никој повеќе не сака да оди во Египет – истакнува таа, повторувајќи дека пливала во истиот дел од плажата каде што се случила трагедијата.

Како вели, на одмор заминала со татко си и ќерка ѝ.

– Татко ми живее во Земун, јас сум долго време во Швајцарија – изјави Т.М.

Според денешните официјални извештаи, тело на романска туристка било откриено неколку часа откако Австријка (68) беше усмртена во напад на ајкула, а нападите биле на оддалеченост од 600 метри еден од друг.