Два семејни питбула до смрт каснаа двегодишно девојче и нејзиниот петмесечен брат во Америка. Мајката е пренесена во болница со повреди опасни по живот, а кучињата се еутанизирани.
Двете мали деца биле искасани до смрт од семејните кучиња, а нивната мајка која ги бранела со своето тело е во критична состојба и е во болница.
Трагедијата се случила пред семејниот дом во Мемфис во четвртокот, објави Канцеларијата на шерифот на округот Шелби. Тие ги имале кучињата повеќе од осум години и никогаш не биле агресивни.
Кирсти Бенард (30) се обидела да си ги спаси децата – двегодишната ќерка и петмесечниот син, а двата питбула почнале да ја напаѓаат.
„Таа го стави своето тело над телото на Лили за да се обиде да ја заштити“, рекол вујкото на Бенард, Џеф Гибсон, според USA Today.
Кучињата ги напаѓале 10 минути. Два питбула беа евтаназирани еден ден по бруталниот напад.
Be the first to write a comment.