Силно невреме се прошири во текот на попладневните часови од северна Србија кон остатокот од земјата. Обилните врнежи беа придружени со грмежи и невреме, а на места падна и град.
Градот, меѓу другото, падна во населените места Лазарево и Бачки Петровац, каде оштети многу возила. Земјата побеле како да паднал снег.
Невремето потоа околу 15:00 часот го зафати и поширокото подрачје на Белград. Околу половина час пред да почне да врне, дувал многу силен ветер кој кршел гранки и носел делови од покриви и фасади, а во некои моменти грмело толку силно што прозорците се треселе.
Силен ветер собори дрвја, многу улици беа поплавени, а гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“, предизвикувајќи штета, што привремено ги прекина полетувањата и слетувањата.
Невремето потоа се спушти и во другите делови на Србија. На Дунав кај Кладово гром удрил рибар. Мажот бил пренесен во болница со тешки изгореници.
Силно невреме ја погоди околината на Јагодина, каде град со големина на јаболко го зафати Драгошевац и проби покриви.
Be the first to write a comment.