Невидена трагедија се случи во австралискиот град Кубер Педи, кога Елизабета Илиќ го пронашла телото на својот мртов син Горан Илиќ (34) и починала само три дена подоцна од тага, јавуваат српските медиуми.

34 годишниот Горан Илиќ (фото: Фејсбук)

Илиќ, 34-годишен маж со српско потекло, почина на 12 ноември. Тој беше многу сакан локален жител во малото јужноавстралиско гратче, 850 километри северно од Аделаида, со само 2.000 жители, според локалниот весник „Coober Pedy Regional Times“.

– Имаше природен шарм, беше воспитан и љубезен, велат неговите соседи.

Причината за неговата смрт не е соопштена. Само три дена по неговата смрт, местото го потресе смртта на неговата мајка.

– Во раните утрински часови Елизабета Илиќ се разбудила со болки во градите и ги повикала пријателите на помош. Тие повикале брза помош, но таа починала во болница неколку часа подоцна. Мајката имала историја на проблеми со срцето и се верува дека причината е срцев удар од тага поради смртта на нејзиниот син, заклучуваат соседите.

Елизабет Илич почина „од скршено срце“ (фото: Фејсбук)