Девојката Азра Спахиќ (родена 1998) загина во сообраќајна несреќа што се случила во петокот вечерта во сараевската населба Мариндвор околу 23 часот и 30 минути. Азра била вработена во Здравствениот дом на кантонот Сараево, како доктор по медицина.
Како што дознаваљ босанските медиуми, Азра Спахиќ е по потекло од Бихаќ. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Сараево. На местото каде почина младата докторка, а тешко беше повредена нејзината пријателка, во населбата Мариндвор во Сараево, граѓани синоќа положија цвеќе и запалија свеќи.
Спахиќ загина во сообраќајна несреќа што ја предизвика Армин Берберовиќ, кој управувал автомобил марка мерцедес, бил без возачка и во пијана состојба.
Како што претходно објавија медиумите Армин Берберовиќ неколку пати бил исклучен од сообраќај поради прекршоци, имал околу 2.000 КМ неплатени казни, а автомобилот му бил одземен.
Возачот-убиец Берберовиќвчера беше предаден на Обвинителството на КС.
Be the first to write a comment.