Осмооделенка починала ненадејно пред своето основно училиште во белградската населба Звездара, објави blic.rs.
Девoјчето M.M. било со неколку другарки и се движело кон влезот на своето училиште, но ненадејно и се слошило и по неколку секунди паднала на земја.
Итната помош која била повикана не можела да ја спречи трагедијата и да и помогне на девојчето.
Надлежните органи во Белград ја истражуваат трагедијата која се случила денеска околу 15 часот пред училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“. Според Блиц, починатото девојче немало здравствени проблеми.
Be the first to write a comment.