Во центарот на Лучани, централна Србија, денеска околу 15 часот се случи несреќа во која 32-годишна жена го загуби животот откако во неа удри камион.
Жената Лидија Р.(32) која денеска беше прегазена од камион додека се обидувала да ја држи количката во која била нејзиното бебе, од која претходно испаднало тркалото, починала пред очите на нејзината мајка.
Несреќната жена, дознава „Блиц“, живеела во Белград, а неодамна со своето дете дошла во родното Лучани да ги посети родителите.
Трагедијата се случила околу 14 часот на влезот во Драгачево од правец на Пожега, спроти градилиште, на неколку стотини метри од зградата во која живеат нејзините родители.
Жената се движела по тротоарот туркајќи количка со бебе, а нејзината мајка била на крај неа. До нив на улица, пред знак СТОП бил застанат камион. Во одреден момент тркалото испаднало од количката и Лидија инстинктивно се обидела да го задржи, но изгубила рамнотежа.
Таа паднала точно пред задните тркала на камионот, на кого во тој момент му се „расчистил“ преминот и се упатил кон улицата десно. Брза помош набрзо пристигнала на местото на настанот, но единственото нешто што можеле да направат лекарите е да констатираат смрт.
Во Лучани вечерва можеше да се слушне дека несреќната жена по завршувањето на студиите останала да живее во Белград, каде се омажила и родила дете.
Be the first to write a comment.