Млад мотоциклист загина вчера попладне во Хрватска. Хрватските медиуми пишуваат дека се работи за Матија Ќ. од селото Палешник. На социјалните мрежи од Матија се простуваат неговите пријатели.
Дваесет и деветгодишен мотоциклист загина во саботата меѓу Палешник и Зденчац кај Гарешница. Полицијата соопшти дека тој возел „јамаха“ со бјеловарски регистерски таблички и дека имал кацига. Откако го поминал Зденчац, претекнал трактор на кој била закачена работна машина.
За жал, младото момче не проценило дека претекнувањето може да предизвика опасност за другите учесници во сообраќајот, по што удрило во предниот дел на автомобил „шкода“ со загрепски регистерски таблички што доаѓала од спротивниот правец. Тој починал на лице место. Повредени се две лица кои биле во „шкодата“
Според хрватските медиуми, идентитетот на настраданото момче е Матија Ќ. од Палешник, кој сакал мотори, играл во КУД, а кобното попладне се враќал дома. Тој загинал на само два километри од својот дом.
Додаваат и дека се враќал од погребот на пријател кој загинал на мотор. Од Матија се простуваат пријатели, меѓу нив и пожарникари.
– Драги пријатели, драги браќа и сестри пожарникари. Со неизмерна тага и солзи во очите се збогуваме со нашиот секретар, оперативев и пред се голем пријател. Вчера попладне нашиот Матија трагично не’ напушти. Неверување, шок, тага и солзи. Милион прашања зошто и како, а никој да одговори. Мата беше голем човек, личност која на сите ни треба во животот. Без многу прашања тој го посветуваше своето слободно време во помагање на другите преку работа во здруженија во општината. По земјотресите во Петриња и Глина, заедно со колегите пожарникари даде се во моменти кога беше најпотребно. Останува празнина. Остануваат неиспиени кафиња, нераскажани приказни и авантури од патот, недовршени интервенции и болка. Голема болка што не си тука со нас. Велат дека драгите луѓе не умираат додека живеат во сеќавањата и спомените на своите најблиски. Ова ќе биде наша утеха, зрак светлина и надеж што ќе не поттикне да продолжиме да живееме. Живеејќи во верување дека сепак некаде ќе се сретнеме. Недостигаш пријателу! ❤, објавија тие.
Be the first to write a comment.