Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на „Винер – Виена Иншуренс груп“ Зоран Нарашанов, почина. По жалосната загуба на првиот човек на Винер, компанијата со своја објава на својот Фејсбук профил посочи на придонесот на Нарашанов за компанијата.
„In Memoriam – Проф. д-р Зоран Нарашанов
На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е.
Проф. д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи.
Во ВИНЕР нема да биде исто без него“, стои во објавата.
Be the first to write a comment.