22 годишниот фудбалер Димитрис Скондрас почина во Универзитетската општа болница во грчкиот град Патра, каде што беше интубиран по неговиот ненадеен колапс минатата сабота додека работеше во продавницата на неговиот татко.

Младиот фудбалер аматер имал големо мозочно крварење и иако лекарите направиле се за да го одржат во живот, не успеале и 22-годишниот е прогласен за „клинички и мозочно мртов“. Пред извесно време го завршил воениот рок.

Доцна во вторникот вечерта констатирана е мозочна смрт, по специјализираните тестови извршени од лекарите на Универзитетската болница во Патра каде што тој беше интубиран од минатата сабота.

Несреќниот Димитрис беше механички оддржуван во живот. По смртта, неговите родители низ нивната неискажлива болка донеле храбра и великодушна одлука да ги донираат неговите органи за да спасат други животи.

Тетката на 22-годишниот годишниот Димитрис, Марија Статас Делдиму ја објави веста:

„За жал, нашиот Димитрис не успеа во битката што ја водеше за да се одржи во живот. Неговите родители донесоа храбра одлука да ги донираат неговите органи и тоа не прави горди. Ќе те паметиме засекогаш, мој Димитрис!“