Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за два денара и ќе изнесува 101 денар. Дизел горивото останува 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот, 50,044 денари за килограм.
Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделникот.
Само на бензиските на МАКОИЛ точете поевтино гориво
НОВИ ЦЕНИ на МАКОИЛ од 21.07 со ПОПУСТ до – 4️⃣ денари на нафтените деривати
ДИЗЕЛ од 100 ден.ПОПУСТ -4️⃣ден.= 96 ден.
БЕНЗИН 98.50 ден.ПОПУСТ -3️⃣ден.=95.5ден
ПЛИН 53 ден.ПОПУСТ -2️⃣.5️⃣ден.=50.5 ден.
Be the first to write a comment.