Од попладнево гори депонија во близина на Визбегово, а лош мирис се шири дури до Центар. Станува збор за пожар на депонија и веќе за 4NEWS.mk потврдија од територијатлната противпожарна единица дека интервенираат.

Од таму велат дека интервенираат со две возила. Пожарот избувнал попладнево, а видлив е од речиси секој агол на Скопје.

Поради високите температури граѓаните да бидат внимателни како се однесуваат кон природата.