Liberty Games неодамна на својата веб-страница ја објави листата на најслушаните музичари во светот за изминатата година. Liberty Games до резултатите дојде врз основа на пресметката на прегледите на Јутјуб.
– Интересен податок за регионот е дека младиот пејач Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж беше најслушаниот изведувач во Северна Македонија, додека „Hajde“ на Теа Таировиќ е најслушана песна во оваа земја, пишува босанскиот портал Кликс.
Според ова истражување, се покажа дека раперот Јала Брат е најпопуларен изведувач на Балканот, кој освен во Босна и Херцеговина, е најслушан и во Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.
Be the first to write a comment.