Високиот крвен притисок во одредени ситуации може да биде сигнал дека се ближи срцев удар, предупредуваат експертите. Ако веќе патите од висок крвен притисок, веројатно секојдневно го мерите овој параметар за здравјето на крвните садови, а сега експертите предупредуваат дека тоа треба да се прави особено кога станувате од седечка или лежечка положба.

Луѓето чиј крвен притисок „скока“ кога ќе се исправат или ќе станат се изложени на поголем ризик од срцев удар, пишува списанието „Хипертензија“. Ова особено се однесува на помлади и средовечни пациенти.

Во студијата објавена од ова списание, учествувале 1.207 пациенти на возраст од 18 до 45 години, за кои е потврдено дека имаат висок крвен притисок од првата фаза, во која горниот е во вредности од 140 до 159, а долниот е 90 до 100. Студијата покажа дека тие се меѓу оние кои имале највисок крвен притисок кога станале, биле изложени на двапати поголем ризик од сериозен срцев проблем отколку остатокот од групата.

„Ова откритие го потврдува нашето првично сомневање, дека зголемениот крвен притисок при стоење кај младите е важен за поставување дијагноза. Бевме изненадени како дури и многу мал скок на крвниот притисок може да биде показател за опасност. Се надеваме дека по ова откритие ќе почнете со терапија за пациенти со висок притисок, дури иако се млади“, вели кардиологот д-р Паоло Палатини од Универзитетот во Падова.