Четиригодишното девојче А.К. од населеното место Тутин во Србија, кое вчера влетало под автомобил откако претходно ја пуштило раката на мајка си и излегло на патот, има тешки повреди на главата и градниот кош. За нејзиниот живот се борат лекарите од Детската болница во Тиршова.
Како што дознава Блиц.рс, вчера му било роденден на тешко повреденото девојче и била со мајка си во градот кога ненадејно, во моментот кога двете ја преминале улицата и требало да влезат во месарница, ја пуштила раката на мајка си и истрчала од тротоарот кон коловозот.
Во тој момент на неа налетал автомобил и таа влетала под него, момент што го снимиле безбедносните камери. Според информации од болницата, таа има скршеници на градниот кош и крварење на мозокот и нејзиниот живот е во опасност.
Возачот е уапсен, а дали тој е виновен за несреќата ќе покаже снимката од камерата. Според првите информации, тој возел со пропишаната брзина, а според видеото, девојчето во моментот кога истрчало на коловозот било затскриено од паркирани автомобили на патот и возачот очигледно не можел да ја види.
Be the first to write a comment.